Мицкоски: Делчев е македонски великан
Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев. Мицкоски положи свежо цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
„Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како влада. Цениме дека македонската влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден, бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено“, рече Мицкоски.
Венец на гробот на Делчев положија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, лидерот на СДСМ, Венко Филипче и Арбер Адеми од ДУИ.
Фото: Б. Грданоски