Мицкоски за СДСМ: Не може да не чини се што правиме

Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може сѐ по било која основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство“.
„Јас очекувам врз основа на бројките, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јасен бев вчера, можеби таму каде е конкурентен СДСМ се максимум четири општини, иако да бидам искрен, ако вака неодговорно се однесуваат, можеби и да нема да освојат општина на следните локални избори“, рече Мицкоски.
На крајот од месецов, односно на 28 мај е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници“, додаде Мицкоски.