Мицкоски во Брисел: Нема друга алтернатива за Македонија, туку само ЕУ


Од средбата на Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ со Дејвид Мекалистер

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на партиската делегација денеска на повеќе средби во Брисел им порачале на своите соговорници не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ. Христијан Мицкоски се сретнал со претседавачаот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, Португалецот Пауло Рангел, кој потпретседател на Европската народна партија, и неформално со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија со Македонија.

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рекол дека „државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме“.

Мицкоски, Александар Николоски и Тимчо Муцунски се на состанокот на Парламентарното собрание на Европската народна партија.