Мицкоски вели дека Владата треба да ги прифати барањата на СОНК


 

Лидерот на опозицијата застана за барањата на СОНК околу штрајкот и рече дека Владата треба нив да ги прифати. „Да се прифатат барањата и да се нивелираат примањата на работниците, затоа што навистина тешко се живее, затоа што инфлацијата е огромна. Граѓанинот се осиромашува, паричникот е сѐ потенок, тешко се живее, одвај крај со крај се врзува“, рече Мицкоски денеска од Кочани.

Тој побара веднаш да се врател во собраниска процедура предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување и нивелирање на платите согласно коефициентот на сложеност на работното место. Мицкоски додаде дека допрва ќе има социјален немир и социјални штрајкови, ако Владата не им излезе во пресрет на работниците.