Мицкоски утре ќе го блокира Скопје

Фото: Б. Грданоски

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за утре од 12 и 30 часот до 14 часот подготвуваат целосна блокада на Скопје.

Мицкоски во најавата однапред се извини за хаосот кој ќе биде предизвикан.

Демонстрациите на ВМРО-ДПМНЕ кои се насочени против Владата, се преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

-Ако денеска не успееме се плашам дека некоја од идните генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направат Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат, рече Мицкоски.

Обраќајки им се на политичарите од владејачкото мнозинство, Мицкоски порача да не се дрзнуваат да го чепкаат македонскиот идентитет, јазик и историја.

Денеска, поради истото, ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 градови низ земјата.