Мицкоски тврди дека не се видел со Груевски пет години, а седеше до него на конгресот во декември 2017


Никола Груевски и Христијан Мицкоски на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 (Фото: Б. Грданоски)

Непрецизно математички и политички промашено.

Изгледа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се скарал со неговата омилена научна дисциплина – математиката, обидувајќи се да се дистанцира од неговиот претходник Никола Груевски.

Вечерва, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 тој тврдеше дека „не сум имал никаков контакт пет години, ни директен ниту индиректен“ со Груевски.

Таа изјава е лажна, затоа што конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, на кој Христијан Мицкоски беше избран за нов лидер на партијата беше во декември 2017 година, а оттогаш поминаа 4 години и три месеци. 

Барем во овој домен изјавата на Мицкоски е невистинита. А прашање е дали тој немал „ни  директен ниту индиректен“ контакт со Груевски до ноември 2018 кога тој избега за Будумпешта.