Мицкоски со тајфа по инвестиции кај шеикот во Абу Даби


Фото: Б. Грданоски

 

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции, е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Како што соопштија од владината – прес служба, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба со претседателот на ОАЕ, воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана и се остварува оваа посета на ОАЕ.

Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе имаат средба и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.

За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.