Мицкоски со десетина пратеници го убедува Пендаровски дека згрешил


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со десетина пратеници, меѓу кои и Гордана Силјановска, пристигна во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски да го убедува дека згрешил и го прекршил Уставот со тоа што му даде мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Средбата е во тек.

Додека траеше средбата од СДСМ порачаа дека „ггубитникот Мицкоски треба да го научи Уставот, дека Заев стана мандатар, а тој остана претседател на нереформирана и назадна партија“.

-Очајни се обидите на губитникот Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување. Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието.За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година, со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев. За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски.

И овојпат нема да има крвови во Собранието како што имаше на 27 април 2017 кога режимското ВМРО-ДПМНЕ беше подготвено да убие само за да не се случи трансфер на власта.Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, му порачаа од СДСМ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.