Мицкоски: Секогаш кога СДСМ е на власт има стратешки грешки


ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

 

Во Македонија народот треба да го има последниот збор и да не биде засрамена и ограбена, порача вечерва од митингот во Свети Николе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече: „СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери“, рече Мицкоски.

Според него, секогаш кога СДСМ е на власт има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот, „како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија, кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог. Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи“, рече тој.

А кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија се гради, има повеќе за сите.

„На Македонија  не ѝ треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што  професорката Гордана Силјановска-Давкова“, рече тој.