Мицкоски сега не знае што пишува во извештајот на ЕП

Прашан за коментар за предупредувањата во Извештајот на ЕК за т.н. „српски свет“, премиерот Христијан Мицкоски денес, на настан во „Реплек“, рече дека не го видел тој извештај, но ги отфрли таквите констатации, посочувајќи дека не верува такво нешто да биде создржано во официјал извештај од страна на ЕУ.
-Кога ќе го видам ќе го коментирам. Но, апсолутно отфрлам таква констатација и не верувам дека тоа е содржано во некаков официјален извештај од страна на ЕУ, бидејќи би било многу наивно. И од оние контакти коишто јас ги имам со високи претставници на ЕУ, барем откако е оваа Влада, не само што немаме никаква допирна точка со таква констатација, туку напротив ако некогаш во времето постоеше нели онаа иницијатива „Отворен Балкан“ барем од кога е оваа Влада такво нешто нема, бидејќи се изгуби смислата на сето тоа од она што можам јас да го видам, изјави Мицкоски.
Инаку, „српскиот свет“ како амандман стана дел од извештајот на Европскиот парламент што ќе се најде на гласање на 7 јули и е јавен документ, односно за разлика од најавите на Мицкоски за „македонскиот јазик и идентитет“ кои не беа јавни, сега дополнетиот извештај може да се најде на интернет. Неговата изјава ја коментираше и бугарски БГНЕС со наслов „Мицкоски слеп за Српскиот свет во извештајот на Томас Вајц“ и со констатација дека „премиерот Христијан Мицкоски нè ги слушнал и нè ги видел предупредувањето за заканата од „Српскиот свет“ како геополитички проект за доминација на Белград на Балканот.
Околу изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче, дека нема политичка волја за напредок во евроинтеграциите, Мицкоски рече дека не би коментирал „егзибиции на опозицијата“ кои ги оцени како континуитет на нините предавства и порази од минатото.
-Ние како Влада додека се бориме жестоко да ги повратиме позициите кои што тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, тие гледате од зад грб се обидуваат дополнително да ни ставаат товар, но ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа. Мислам дека тоа е погрешна политика што ја води опозицијата. Мислам дека политиката на свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично не доведе до оваа ситуацијата во која што сме, а она што го прави оваа Влада и македонската дипломатија е да ги поврати изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие позади сето она што порано беше кажувано како едноставна работа, само да се промени уставот и завршено е се, готово, мед и млеко ќе почне да тече по улиците, птиците ќе пејат, цвеќињата ќе растат и се ќе биде перфектн. А, во суштина не е така, во суштина многу длабок е проблемот и ние само малку загребавме на површината и се излезе, така што може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор, изјави Мицкоски.