Мицкоски се сретнал со Девин Нунес и Такер Карлсон во САД
Премиерот Христијан Мицкоски за време на престојот на САД имал средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп. На средбата биле и извршниот директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата, практично речиси истите луѓе што беа во Македонија и кои веројатно му дале алиби да отпатува во САД.
„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите што ги дава Владата за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Како што може да се види од фотографијата, на средбата не биле албанските преставници од делегацијата што е показател дека и не настапуваат како држава, туку користат лични врски.
Нешто подоцна Мицкоски се пофали дека разговарал и со „најпознатиот американски новинар“ Такер Карлсон, кој инаку се „прослави“ како најнаклонет на Русија и реално доби отказ од Фокс телевизија. Неговото интервју неодамна со Владимир Путин беше предмет на потсмев во светот.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, напиша Мицкоски на Твитер.
Како и ние, и Косоварите се влезени во филм дека се привилегирани кај Доналд Трамп и дека си обезбедиле важен пристап до администрацијата. Реалноста е дека со донации и со лоби групи секој може да си обезбеди ваква фотографија, а за реалните ефекти важат други правила. Како изгледа таа поддршка мопже да се види и од видеото подолу во кое републиканскиот конгресмен Пет Сешн ги уверува косовските преставници дека Трамп ќе биде голем пријател на Косово, додека во исто време неговиот зет ќе гради луксузен хотел во Белград.
Republican Congressman Pete Sessions:
It feels like Albanians and Kosovo will have a great friend in President Donald Trumppic.twitter.com/WIhJpxDcm3
— Admirim (@admirim) January 19, 2025
А еве уште еден што верува дека се обезбедил кај Трамп и кој се самопоканил во Вашингтон да го покаже тоа.
Breaking: Ramush Haradinaj meets with the Presidential Envoy for Special Missions, Richard Grenell, in Washington, DC.
Haradinaj has confirmed through a statement that Richard Grenell, as Trump’s special envoy, will also be engaged in the Balkans.
Peace in the Balkans is a… pic.twitter.com/tXEud6A8ih
— Fitim Çeku (@CekuFitim) January 19, 2025
Од многуте преинагурациски балови што се организираа вчера во Вашингтон видео објави и сопственикот на српската телевизија Пинк.
Atmosfera pred prvi i jedan od najznačajnijih balova ovde u Vašingtonu,povodom inauguracije predsednika Trampa! Domacini bala su: Marco Rubio, Ted Cruz, Robert F . Kennedy, Donald Trump JR., Richard Grenel, Tulsi Gabbard…. pic.twitter.com/6kz99QJDk0
— Željko Mitrović (@zeljkomitrovic) January 18, 2025