Мицкоски: Од домашно воспитување знам дека треба да се мијам раце


Фото: Б. Грданоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, се извини на сите граѓани, што денеска место да разговараат за заштита на здравјето, тие разговарале за избори.

– Место да разговараме за тоа како да го заштитиме здравјето на граѓаните, ние денеска разговараме за датум за избори, што дополнително би ја комплицирале работата – рече Мицкоски.

Тој рече и дека е разочаран од одговорите на повиканите институции за евентуално спроведување на избори, затоа што од Комисјата за заразни болести во четири точки ги информирале, повторно да ги мијат рацете, да држат дистанца, да носат маски и ракавици, а не биле доволно детални.

Сето ова претходно било слушнато и од Комисијата и од политичарите, смета Мицкоски.

– Јас од домашно воспитување знам дека треба да мијам раце, знам дека во услови на пандемија треба да носам маска – рече Мицкоски.

Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за можен датум за избори е 23 или 30 август или 13 септември.