Мицкоски: Се чувствувам како пропаднат спортист


Нажален од фактот дека на фудбалскиот клуб клуб „Вардар“ му била исклучена струјата (тој е долго време во многу лоша финансиска состојба), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјутот на Телма проговори и за спортот.

„Се чувствувам како пропаднат спортист. Иако како дете бев талентиран, добро играв кошарка, пробав фудбал, пинг-понг, карате и денеска тие контроверзи во спортот ме следат и во политичката кариера. Јас сум жртва на кампања против мене со снимките од теретана, стари неколку месеци, затоа што спортувам“, се пожали тој.