Мицкоски речиси и да не го знел Александар Нацев!? Се сеќава дека бил функционер кај Груевски!!!


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека речиси и да не знае ништо за притворениот газда на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој беше уапсен за трагедијата во Кочани. Иако има повеќе фотографии од нив двајцата, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата, на новинарско прашање во врска со улогата на приведениот Александар Нацев (долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ), рече дека знае само оти тој имал „некаква функција“ во владата на Никола Груевски. И дека сега нема никаква поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ.

„Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17-та година, извршувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев“, рече Мицкоски.

Сепак обвинителството пред три дена го уапси реалниот газда на агенцијата „Рубикон“ Александар Нацев а судот му одреди 30 дена притвор а премиерот наместо ветувањето дека ќе си поднесе оставка сега објаснува дека Нацев бил поврзан со ВМРО-ДПМНЕ  во времето на владата на Груевски, а не сега кога е тој премиер.

Александар Нацев инаку беше член на комисијата за одбрана и безбедност на ВМРО-ДПМНЕ, токму откако Мицкоски стана претседател на партијата, пишува „Инфомакс“. Порталот објавува дека Александар Нацев бил и делгат на вонредниот конгрес во Валандово во 2018 кога Христијан Мицкоски беше избран за претседател на партијата.

Нацев држеше бројни прес-конференции во партијата, откако Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Нацев се товари за тешки дела против општата сигурност. Според доказите Нацев, е реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон”, која кобната ноќ, го обезбедувала локалот без склучен договор. Тој, цело време раководел со деловниот потфат заедно со веќе осомниченичениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани.