Мицкоски потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули


Ф

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули.

– На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, напиша Мицковски.

Во статусот на Фејсбук, Мицкоски оценува дека државата се наоѓа во лоша економска и здравствена криза и оти единствениот излез се изборите и како што вели, убедлив пораз на Заев и СДСМ.

– Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна, пишува Мицкоски.