Мицкоски поддржува во личната карта да стои етничката припадност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој нема ништо против во личните карти да стои и етничката припадност.
-Не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, коишто се обидуваат да го спречат сето тоа. Не гледам причина зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, а некој тоа сака да го спречи, вели Мицкоски.