Мицкоски побара Заев веднаш да си замине поради компромисот што се бара
Компромис за македонскиот идентите, јазик и култура не може да има и тоа што се бара од македонија не е европска вредност и затоа премиерот Зоран Заев мора веднаш да си замине и да се распишат превремени избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел каде присуствува на на Парламентарното собрание на Европската народна партија.
Овој став Христијан Мицкоски го даде одговарајќи на новинарско прашање.
„Истата причина за која што имаше предвремени избори во 2020 година сега можеби е уште посилна, бидејќи условот е многу посилен, а тоа е што се бара компромис којшто ќе биде на штета на македонскиот народ, на македонската нација, посебност, традиција, јазик, култура. Тоа не не беше случај во 2020, бидејќи тогаш блокираше Франција, но блокираше од други причини, а тоа беше методологијата за преговори. Се коригираше методологијата, објективни беа и веќе Франција понатаму не го блокираше процесот“, рече Мицкоски.
Тој вели дека сега Бугарија нѐ блокира затоа што сака да ја начне нашата посебност како народ, нашиот јазик што во 21. век е сѐ, само не е европска вредност.
„Зоран Заев ветува дека сѐ ќе потпише тука кога ќе дојде, во Македонија вели дека тоа не е точно. Јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори“, нагласи Мицкоски.