Мицкоски по стоти пат бара техничка влада


Оставка на министерот Оливер Спасовски не е доволна, потребна е оставка на целата влада и формирање на техничка, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција. Тој се обрати и кон пратениците од владината коалиција од кои побара заедништво во изгласување недоверба на владата, а потоа и формирање на техничка влада којашто ќе ја предводи државата до следните избори.

„Сите оние пратеници во парламентот, без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и од власта, дали се од СДСМ или партиите во коалиција со СДСМ, да не бидат соучесници со мафијата, да се охрабрат и да кажат – доста е, време е за нова влада, време е за техничка влада“, рече Мицкоски.