Мицкоски пак го вика Ковачевски на ТВ-дуел, сега за коридорите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја повтори својата омилена понуда за телевизиски дуел со премиерот Димитар Ковачевски на која ќе распаравле за изградбата на коридорите 8 и 10д.
„Имам една јавна понуда до Димитар Ковачевски. Самите велат дека се транспаренти, а бидејќи јавноста заслужува одговори, заслужува да знае како се трошат милијардите на народот, ајде да излеземе на дуел. Бегаш од избори, бегаш од соочувања на различни теми, ајде да излеземе на дуел, јас и ти очи во очи и на тој медиум кој тој ќе го одбере, јавно да се соочиме само за овој договор. Нема да зборуваме за дебаклите во другите области. Само да зборуваме за договорот со кој на народот му се одземаат милијарди евра, да дебатираме за историскиот договор или да бидам попрецизен за историска пљачка“, рече Мицкоски денеска во Битола.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против градење, туку е против крадење.