Мицкоски: Ова е човекот што требаше да ме убие!

Неофицијално лицето што наводно вперило пиштол во Мицкоски е член на Алијансата за Албанците со која ВМРО-ДПМНЕ е коалиционен партнер во Град Скопје


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави фотографија од инцидентот кај плоштадот Скендербег во Скопје со порака: „Ова е човекот што требаше да ме убие!“

На фотографијата се гледа дека едно од лицата што ги нападнаа со камења и други тврди предмети демонстрантите како држи пиштол во рацете.  Мицкоски побара тој веднаш да биде приведен од министерот Оливер Спасовски и од МВР. 

Лицето на фотографијата наводно е Цуфи Кока, сопственик на хотел и, што е поважно, член на Алијансата на Албанците на Зијадин Села. На профилната фотографија на Фејсбук тој е заедно со Села, а само пред два часа партијата издала соопштение во кое се вели дека го осудуваат вандализмот, говорот на омраза и навредите против Албанците во протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Во соопштението тие ги повикуваат властите да реагираат на тоа, а граѓаните да не наседнуваат на овие порвокации, апелирајќи до политичките актери да не ги загрозуваат меѓуетничките односи со своите изјави. Патен Кока по се изгледа е брат на директорот на Комунална хигиена во Скопје,  исто така од Алијансата која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Се очекува вечерва на вонредна конференција Мицкоски сепак да драматизира дека му е нарачан атентат од структури од власта. Можно е и двете партии, кои имаат заедничка цел да издејствуваат предвремени избори, да го режирале овој квази напад. 

Инаку, Мицкоски и други функционери на ВМРО-ДПМНЕ изминатите две недели ја ширеа тезата дека шефот на дипломатијата Бујар Османи работи на тоа Албанија да добие преговори, а Македонија не. Освен нападите и навредите кон Османи, што го прекрстија во „Бугар Османи“,  протестантите употребуваат и антиалбански пароли. Нервозата кај албанските граѓани од овие неосновани и со ништо испровоцирани напади веќе почна да се чувствува.