Мицкоски оди и ветува некои идни пари – само за три општини 104 милиони евра
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, секаде каде што ги посетува општините кои имаат вмровски градоначалници ветува пари што ги пренасочела државата кога тој ќе станел премиер. Вчера во Ѓорче Петров изјави дека за таму бие предвидени 20 до 22 милиони евра, пишува „24инфо“.
„Добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која во еден четиригодишен мандат преку децентрализација на средства од централниот буџет кон општините планира да реализира помеѓу 20 и 22 милиони евра инвестиција овде во Ѓорче Петров“ изјави Мицкоски. Тие пари, според него, ќе биде искористени за „капитални проекти, градинки, училишта, канализациони системи, ваков тип на системи со пречистителни станици, водоводни системи и така натаму, нови улици, асфалт“.
Речиси секаде каде што оди Мицкоски ветува државни пари за општинските каси. Така, тој веќе им вети на три општини дека во нив ќе бидат вложени или префрлени огромни 104 милиони евра – за Ѓорче Петров 22, за Битола 46 и за Гази Баба 36.
И за други општини ќе има некои идни пари – за Велес 32 милиони, за Аеродром 11,5. За помалите општини ќе има помалку пари од оние што ги ветува Мицкоски; за Зелениково, на пример, два милиони евра.