Мицкоски од Вархеи побарал ЕУ итно да ги почне преговорите со Македонија


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска му рекол на еврокомесарот Оливер Вархеи дека преговорите на ЕУ со Македонија треба да почнат веднаш. Средбата на вархеи со Мицкоски беше една од неколкуте со партиските лидери и се одржа во македонското Собрание.

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакнал дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност.
На средбата се разговарало за актуелната политичка-економска состојба во земјата, како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.