Мицкоски од Штип: Мотивирани сме од поддршката од народот


ШТИП – Мотивирани сме, нѐ мотивира поддршката на народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици коишто ќе се испречат на нашиот пат во реализирање на нашата крајна цел, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, каде што традиционално партијата ја завршува кампањата со митнизи, а денеска поради пандемијата со средби со граѓани. Мицкоски забележа дека по средбите со младите, здравствените, културните работници и реалниот сектор е задоволен од сето она, какошто рече, ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во илјада решенија содржани во 360 страници на проектот „Обнова“.

„Тоа се чувствуваше впрочем и од првиот ден уште од Охрид, но еве потврда и од тука од Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ илјада решенија, јас би сакал уште дополнителни илјада решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат, но најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша“, рече Мицкоски.

Тој забележа дека денеска е последен ден од кампањата, а измините 19 дена на средбите со граѓаните низ Македонија биле прекрасни.

Прашан доколку по 16 јули коалицијата на ВМРО ДПМНЕ победи на парламентарните избори, како ќе ги реализира проектите, кога државната каса е празна, Мицковски со одговор дека буџетот не се полни онаа динамика која што е предвидена, поради, како што рече, лошите политики, калкулантските политики. Мицкоски најави дека една од првите мерки кои би ги презел е ребалнас на буџетот. (МИА)