Мицкоски обвини за непотизам во судството


Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашниот ТВ Дуел на телевизија 24 обвини дека власта изминатите дваесет дена во Академијата за судии и јавни обвинители сместила роднини, ќерки и синови на функционери на СДСМ, меѓу кои и снаата на Цветанка Иванова.

-Во Академијата на судии и јавни обвинители знаеме кој е претседател, Драган Јосифовски да речеме е избран, тој е син на Елизабета Јосифовска, обвинител од Специјалното јавно обвинителство. Потоа ја имаме Билјана Смаќовска, таа е ќерка на Гордана Смаќовска, обвинител во Организиран криминал, па ја имаме Билјана Иванова, таа е снаа на Цветанка Иванова, потоа го имаме Зоран Здравев син на Ќиро Здравев, претседател на судскиот совет, го имаме Кирил Ѓоргиев кој е син на Наќе Ѓорѓиев и ред други, вели Мицкоски.

Тој додаде дека со ваков начин на делување не може да се очекува дека Македонија ќе биде правна држава .

-Со ваков начин, со ваков пристап на избор на делители на правда, ние не можеме да очекуваме дека сега нешто драматично ќе се промени. Можеме само да очекуваме враќање назад, рече Мицкоски.