Мицкоски објави пропагандно видео за корона кризата


Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој објави пропагандно видео околу корона кризата.

„Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Епилогот е огромен број на починати“, пишува Мицкоски, споделувајќи го видеото на социјалните мрежи.