Мицкоски објави дека имал средба со Чарлс
Премиерот Христијан објави дека имал средба со британскиот крал Чарлс, а од фотографиите што ги прати се гледа дека таа била во рамките на приемот организиран за балканските лидери во Лондон.
„Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Височество, Кралот Чарлс III. Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу нашите земји, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои кралот со години им посветува големо внимание.
Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство“, објави премиерот.