Мицкоски немал соговорник во кој би можел да има доверба


 

ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на чекање, сака да види како ќе се развиваат работите во Владата, па потоа ќе донесе одлука дали ќе ѝ подаде рака на власта за евроинтеграцискиот процес. Тоа го објави денеска лидерот на опозициската партија,  Христијан Мицкоски. Според него, власта ем доцни три години со своите намери за заеднички да се истурка евроинтеграцијата (како што повика вчера министерот Бујар Османи), ем немаат доверба во соговорникот од другата страна.

„Не гледам сериозен соговорник од другата страна на кој би можел да се потпрам и во кој би можел да имам доверба. Затоа, да видиме како ќе се развиваат работите во Владата, па дури потоа да видиме со какви соговорници можеме да соработуваме. Овој соговорник се покажа како соговорник на кој за жал не можеме да се потпреме“, рече Мицкоски.

Според него, власта како вообичаено доцни две-три години во своите намери и повторно нешто се нуди за што се нема јасен концепт. Тоа, додаде Мицкоски, е обид за дефокус од одговорноста којашто се бара за министерот за надворешни работи од неговата партија.

Според него, соработката со ВМРО-ДПМНЕ требало да биде понудена пред да бидат потпишани, како што ги нарече, „овие капитулантски договори“.