Мицкоски нема да поддржи заем за енергетската криза
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, најави дека нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра се додека не види каде отишле парите на граѓаните од претходната енергетско кризна состојба.
„Оптимизмот е дека ќе се набави јаглен, а не дека нема да имаме енергетска криза. А, не е оптимизмот по која цена и од каде пари. Еве сега да речеме повторно ќе дојде во Парламентот закон со кој што вие граѓаните ќе се задолжите со 100 милиони евра. И они што сакаат да направат? Сакаат да прогласат енергетско кризна состојба за да можат овие 100 милиони евра при оваа набавка на јаглен, на мазут, и на останато, да ги трошат во четири очи, да ги крадат“, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.