Мицкоски: Не треба нов закон за да се истражува корупцијата


Според првиот човек на опозицијата, со оваа власт криминалот и корупцијата не можат да се намалат, туку само да се продлабочат. Мицкоски го коментираше и тимот стигнат од САД за истражување на корупцијата на високо ниво од поранешни и сегашни функционери.

-Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат. Човекот кој седум години е на чело на Министерството за внатрешни работи, Владата која што повеќе од пет години е Влада, и партијата која што е дел од таа Влада повеќе од 20 години и кои што се причината за криминалот и корупцијата во Република Македонија не можат да бидат решението. Така што било кој тим на истражители треба најпрвин да почне од Владата, затоа јас велам што побрзо имаме предвремени парламентарни избори со нови луѓе на чело на тие институции толку побргу ќе дојдеме до решение за овој криминал и корупција, изјави Мицкоски .