Помали даноци и пуштање на дел од автопатот Кичево – Охрид: Еве што најавува Владата

Првите 100 дена не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни, каде сме и каде треба да одиме и што е потребно да направиме за да стигнеме таму, рече Мицкоски


Фото: Б. Грданоски

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција на која даде отчет за првите 100 дена од работењето на Владата, најави намалување на даноците во наредните четири недели, како и пуштање во промет на дел од автопатот од Кичево до Охрид, до мај идната година. Тој нагласи дека за 100 дена биле донесени, реализирани или отпочнати повеќе од стотина проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.

Осврнувајќи се на економските предизвици тој рече дека состојбите во земјава биле далеку од идеални, дека наследиле банкротирана држава, како и дека наследиле 20 милиони евра дупка во образованието, колапс на проектот бесплатни учебници, закочена изградба на автопатиштата, долг од 4 милијарди денари кон земјоделците, 150 милиони евра долгови во здравството, 80 милиони евра дупка во ЕСМ, заостанати плати кои не биле исплатени во „Национални шуми“ и во „Водостопанство“.

„Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци, држава од која младите се иселуваат, 600 илјади лица кои живеат со само 150 денари на ден и многу други горливи проблеми“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа само ги засилило ангажманите и мотивираноста во Владата да ги исправат работите и да излезат на вистинскиот пат.

„Првите 100 дена не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни, каде сме и каде треба да одиме и што е потребно да направиме за да стигнеме таму“, рече Мицкоски. Тој посочи дека примарна задача на Владата била да ги стабилизира финансиските текови, да ги затвори буџетските дупки и да се справи со дефицитите и, како што рече хаосот оставени од претходната влада. Исто така и дека работат на враќање на долговите, како и на затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Тој најави дека во наредниот период ќе има нови проекти и нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места.

Добар дел од отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата беше посветен на она што Мицкоски го смета како успех и дека оди на контото на актуелната власт, нагласувајќи го тука пред се зголемувањето на пензиите, како едно до главните предизборни ветувања, а како што рече не биле заборавени ниту земјоделците, работниците, наставниците професорите, лекарите, иако дел од нив деновиве гласно го искажуваат незадоволството поради тоа што Владата не ги почитува обврските за зголемување на платите.
Во однос на пензиите Мицкоски рече дека денеска е исплатен првиот дел од предизборното ветување, односно 2.500 денари, а втората половина од 2.500 денари ќе биде со мартовската пензија што ќе се иплати на почетокот на април 2025 година.
„Со тоа ветувањето за 5.000 денари линарно зголемување на пензиите ќе биде исполнето порано од тоа што беше ветувано за време на кампањата, дека ќе се случи во првата година од мандатот, а ќе се реализира за девет месеци“, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека капиталните инвестиции за општините биле историски највисоки, односно 15 милијарди денари.
„Можам да кажам дека во овој последен квартал од годината ќе бидат инвестирани повеќе од пет милијардиденари односно речиси шест милијарди со програмите во поединечните министерства или околу 100 милиони евра, а за буџетот за 2025 ќе бидат предвидени уште 15 милијарди денари или 250 милиони евра“, рече Мицкоски.
Тој објасни дека во првиот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа пристигнале 357 проекти од 80 општини како и до крајот на неделелата тие ќе бидат дефинирани, по што ќе почне потпишувањето на договорите со ресорните министерства и реализацијата на проектите.
Де од сработеното, се и поевтини лекови преку проширување на позитивната листа со девет генерици или вкупно 87 лека, како и одлука за вработување на 600 лекари односно нови специјализанти.
Во однос на странските вложувања Мицкоски рече дека биле потпишани договори за четири странски инвестиции во износ од 600 милиони евра кои што ќе значат нови 1.600 вработувања. Посебно се осврна на инвестицијата на „Алказар енерџи“ во износ од половина милијарда долари која што беше најавена на 25 јуни, односно на вториот ден од работата на владата. Мицкоски очекува на 25 јуни следната година да биде поставен камен темелникот. Според него, станува збор за многу значајна инвестиција од два суштински аспекти. Првиот, затоа што е чекор кон енергетска сувереност и намалување на увозот на електрична енергија. Целта на Владата, како што посочи, е веќе во 2026 година билансот на увоз и извоаз на електрична енергија да биде еднаков на нула. Вториот аспект е што од 1 јануари 2026 година почнува примената на карбон трејд механизмот, а тоа значи дека сите компании кои што од кај нас извезуваат во рамки на ЕУ мора да покажат дека производите кои што ги произведуваат се произведени со користење на зелена обновлива енергија.
„Ова е уште еден чекор кон реализирање на таа цел. И нашите компани ќе ги направи поконкурентни и нема да плаќаат дополнителни даноци“, нагласи Мицкоски, иако останува нејасно како таквата цел ќе се рализира со политиката на Владата за продолжување на работењето на постојните термоцентрали во држжавата, кои што се меѓу најголемите загадувачи во регионот и пошироко.
 

Тој исто ка ги наброја германско белгиската инвестиција во истражувачко развоен центар во вредност од околу 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Притоа, Мицкоски рече дека имало реакции од СДСМ и од ДУИ дека оваа инвестиција практично била од нивно време.

„Еве, да им се заблагодарам на сите што учествувале во подготовката на овие инвестиции. Жалам што во изминатите седум години не успеале да ја завршат таа инвестиција и се радувам што за помалку од еден месец усопеавме да ги довршиме преговорите и наскоро ќе биде реализирана“, рече Мицкоски, додавајќи дека за време на посетата на САД најавиле со раководството на „Вабтек“ инвестиција до 35 милиони евра и нови 100 вработувања, а пред некоја недела беше поставен камен темелник на германски БМЗ груп за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработуавња,

„И за оваа инвестициија рекоа дека ја донеле, а ние само се сликаме. Вчера разговаравме за тоа колкава помош треба да се додели за оваа инвестиција да заживее, бидејќи тие нели сѐ завршиле, а во суштина ништо не завршиле. Вчера со министерот Бесар Дурмиши практично ја утврдивме висината на помошта која што согласно правилник тие ќе ја добијат и која што им следува“, рече Мицкоски.

Во однос на другите преземени мерки, тој посочи дека биле обезбедени средства за исплата на К-15 за над 84 илјади вработени во вредност од 11 илјади денари, кои не биле превидени во буџетот, потоа за заостанати субвенции исплатени 1,2 милијарди денари, исплатени се заостанати плати од над полиовина милијарда денари меѓу кои и за „Национални шуми“ и  „Водостопанство“, каде што има повеќе од три илјади вработени.

Исто така во изминатиот период бил исплатен долг од 2 милиијарди денари од ФЗО од наследниот долг од 5 милијарди денари.

Ја спомна и акцијата со намалување на маржите „Помалку трошоци, повеќе за сите“, намалувањето на катастарските услуги, откупните цени за смедеревката и вранецот, двојно повисоките субвенции за хектар јачмен од 6 илјади на 12 илјади денари, зголемена наплата на патарините, на царините, УЈП, почнатата процедура за трет мобилен оператори, одлука за формирање Совет за управување со јавни финансии, подршка на нови авиодестинации, како и дека и покрај забелешките на опозицијата во однос на платите, тие продолжиле да растат во јули.

„Разликата е тоа што сега инфлацијата е најниска во регионот, само 2,2 проценти и продолжуваме со мерките да се намалува“, рече Мицкоски.

Во однос на индустриското производство, тој посочи дека во јули тоа почнало да расте со 3,8 проценти, исто како и во преработувачката индустрија, а продолжило и во август иако, како што рече, тоа бил предизвикувачки месец, со 1,1 процент. Поради реформите во ЕСМ вкупното индустриско производство во август е на 1,6 проценти во минус, а ако се земе просекот јули и август е 1,1 во плус. Вториот квартал (април, мај и јуни) индустриското производство има просечен пад од седум проценти.

„Падот во вториот квартал од седум проценти, во третиот е раст од 1,1 проценти или во нето, плус 8,8 проценти“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на критиките што може да биде подобро и каде работите не одат со посакуваниот тек и динамика.

„Јас ги слушам тие критики и размислувам со колегите во владата како да се поодобриме“, рече Мицкоски, посочувајќи на неколку крупни теми кои беа своевидна критика. 

За Мицкоски не се невообичани, како што ги нарече „одредени гафови“ кои се природни, сѐ додека не предизвикуваат катастрофални грешки.
„Да, направивме по некоја грешка, но ниту една не беше катастрофална и секогаш без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено“, рече Мицкоски.

Направивме и грешки, но се коригиравме, рече Христијан Мицкоски (Фото: Б. Грданоски)

Тој најави дека следуваат уште многу други проекти, мерки и реформи, инвестиции, ценовни намалувања, мерки за младите…

„Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа“, рече Мицкоски, додавајќи дека кај автопатот Кичево – Охрид има напредок.

„Очекувам дека првиот дел, односно првата половина од селото Арбиново до Охрид со мал дел кај Ботун, ќе биде пуштена до мај следната година, а тоа што го ветивме пред граѓаните дека автопатот до крајот на 2026 година целосно ќе биде пуштен, ќе се реализира“, рече Мицкоски.

Одговарајќина прашања на новинарите тој додаде дека завршува експресниот пат Чатал –  Длабочица – Крива Паланка, дел од Коридорот 8 кој што треба да го поврзе Куманово со Деве Баир. Привршуваат работите и на патот Градско – Росоман до Фариш и се очекува до крајот на годинава и тие да бидат пуштени во употреба.