Мицкоски на Фејсбук: „Претседателе Пендаровски се слушаме!?“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на Фејсбук упати своевидно предупредување до шефот на државата, Стево Пендаровски, пред неговото утрешно обраќање на која треба да го соопшти ставот дали ќе биде продолжена вонредната состојба.

„Велеа дека ја победија короната, а поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски до сега имаме:

⁃ 169 починати;

⁃ 3538 заразени;

⁃ повеќе од 15 илјади граѓани кои се нови невработени и ги загубија работните места;

⁃ сѐ уште непознат број на новозаразени кои допрва ќе се откријат;

А Заев и Владата се фалат дека сѐ е под контрола и сѐ е нормално…

Вонредното го прават редовно, ненормалното нормално.
Претседателе Пендаровски се слушаме!?“, напиша Христијан Мицкоски.