Мицкоски му посака брзо оздравување на Лукровски, не бил овластен да каже од што е болен
Премиерот Христијан Мицкоски му посака брзо оздравување на градоначалникот на општина Карпош и негов пријател, Сотир Лукровски, но порача дека не е овластен да каже од што е болен.
Тој практично ги негираше тврдењата дека Лукровски си поднел оставка порачувајќи му на новинарот што му постави прашањето – од каде му е заклучокот дека градоначалникот го направил тоа? И за оваа драма тој прстот го впери во „политичките гладијатори“.
„Имаше такви политички гладијатори кои излегоа и се ситеа на здравствената состојба на човек. Јас тие политички глодари нема да ги коментирам туку му посакувам брзо здравување и што побрзо да се врати на функцијата“, рече Мицкоски за Лукровски, по што додаде:
„Повеќе детали за здравствената состојба ниту сум овластен, ниту сакам да споделам“.