Мицкоски контра Филипче: Последнава година имаме поголема слобода


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство. 

„Јас, напротив, мислам дека поголема слобода во општество, во оваа една година, која што е и во медиумите, не постоела. Можеби треба да го прашате врз основа на кои критериуми, кои параметри, тој носи ваков заклучок. Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме. Ние назадуваме во рамките на рефлектирањето на лажни вести и обидот да се спинуваат одредени вистини“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски упати совет до претседателот на опозициската СДСМ, Филипче дека ваквите изјави не само што се лош пиар политики за него, туку се сосема погрешни.

Прашан дали преговара за проширување на парламентарното мнозинство, бидејќи уште се заглавени неколку закони во македонското Собрание, немајќи бадентер, особено за гласање на  Државниот инспекторатот за јазиците, Мицкоски со одговор дека тоа што опозицијата го прави во парламентот е навистина без преседан, бидејќи вработените  шест месеци не можат да земат плата.

„Нашиот предлог е тие луѓе согласно измените во законот, бидејќи тие го гласаат, тогаш да преминат во Министерството за правда и да може министерот за правда да потпише плата за изминатите шест месеци, за да не влегуваме во процес на создавање на поинакви начини на создавање на мнозинство, кое што е потребно за гласање, а потоа веднаш да почнеме процедура, да изгласаме измени во друг закон, каде што инспекторат ќе биде орган во состав на Агенцијата“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека доколку опозицијата не даде поддршка на овој закон, како Влада веќе имаат планови, бидејќи не може да се остават вработени без плата.