Мицкоски ќе сведочи на судењето за „Организаторите на 27 април“


Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува денеска, а како сведок треба да се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.