Мицкоски: Ќе победиме на избори, ама не е време за нив


Oдржување на предвремени парламентарни избори не е во трите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Според него, поради пандемијата не треба да се одржат избори во скоро време, односно на крајот на јуни или почетокот на јули, како што се шпекулира во јавноста.

-ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го порази СДСМ секогаш и на сите граѓани им е јасно, кога и да се случат изборите. Но, исто така, познат е и ставот на партијата дека одржување на предвремени парламентарни избори во услови на пандемија на ковид-19, во услови кога ги броиме заразените и оние кои, за жал, го губат животот, во услови на економска, санитарна и образовна криза и фактот дека имаме кризна состојба, еден од трите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не е одржување на парламентарните избори. Најпрво, да се избориме за здравјето на луѓето, да ја вратиме економијата на победничка патека, па потоа може да размислуваме за избори,рече Мицкоски.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неуставно Собранието повторно да се состане откако веќе беше распуштено.

-Овој состав на парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со моментот на распуштањето е завршен. Тие го вратија легитимитетот кај граѓаните и единствен кој може да ја наполни таа сала со пратеници е народот. И, не може Заев и група поранешни пратеници да го кршат Уставот“,изјави Мицкоски.