Мицкоски: Ќе коалицираме според програми, не ултиматуми


ВМРО-ДПМНЕ е првата политички партија која промовираше шпицен кандидат за премиер. Добро е што и ДУИ сака да излезе со свој кандидат за премиер, ама тоа треба да биде мултиетнички, а не моноетнички концепт, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ  за иницијативата на ДУИ за прв Албанец премиер.

– Сите партии кои ценат дека нивните програми се блиски со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени за преговори за коалиција, но не и оние што поставуваат ултиматуми и даваат изјави како од минатиот век. Пограмата која ќе биде програма на победничката коалиција, ќе биде основа за било какви преговори – рече Мицкоски за коалицирањето по изборите на 15 јули на кои очекува да победи неговата партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“.