Мицкоски ќе ги враќа таблите што ќе ги смени Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кога ќе дојде на власт прва работа што ќе направи ќе биде да ги смени историските табли што премиерот Зоран заев сака да ги смени за да нема бугарски фашистички окупатор.

-Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, што ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме, порача со соопштение Мицкоски.