Мицкоски: Кампањата на опозицијата е мизерна. Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се политички кукавици

И денешниот ден од кампањата помина повеќе во меѓусебни обвинувања отколку во претставување на плановите што ќе се прави во општините.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Чучер Сандево повторно ја постави опозицијата во триjаголник: СДСМ-ДУИ-Левица рече дека неговта партија влегува како апсолутен фаворит, а нивните опоненти ги обвини за „најцрната, најмизерната, најниската кампања што некогаш демократска Македонија ја видела од својата независност до денес“.
„Ако ги исклучиме оние монструозни лаги коишто ги објавуваат преку своите спотови коишто ги емитуваат на медиумите, оние желби на нивните перјаници новинарски кои посакуваат да го видат моето распарчено тело спакувано во куфер, па се до епитети коишто ми ги делат мене најчесто и на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, сè ќе слушнете, само нема да слушнете што е тоа што ќе го сработат во вашата општина, каков план имаат и каква визија имаат тие во иднина“.
И додека велеше дека опозцијата не нуди никакви програми самиот тој потоа освен за јахти, Дубаи, хациенди не спомена ништо посебно што ќе прави нивниот кандидат во Чучер Сандево.
Од радовиш, лидерот на СДСМ ги обвини претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дека се политички кукавици.
„Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.
Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.
„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата“.