Мицкоски како градоначалник најави градежна офанзива во Прилеп идната пролет


 

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп, на Денот на востанието, најави дека почнува градежна офанзива во градот. Зборувајќи за 11 Октомври, и Мицкоски, како и претставниците на власта, рече дека Македонија беше на вистинската страна на историјата. „Вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршија злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обедини и го порази тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна беше на вистинската страна на историјата. Така е и денеска, така ќе биде и во иднина.  Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава“.

Тој понатаму рече дека „напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во Министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште два други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овде во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп, исто така и влезот од кај Македонски Брод е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп“.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, беше покус во својата изјава и откако му се заблагодари на Мицкоски за нетговото присуство и поддршката рече се дозавршува плоштадот „Борка Талески“, а и дека се работи на цевководот Пашовски ливади за Прилеп да има дополнителен извор на свежа вода за пиење.

Инаку, Мицкоски ја нарече „терор“ најавата на Владата за намалување на платите на менаџеите на добро платените државни кампании и на одреден дел од вработените.

„Тоа не е решение, тоа е терор. Во услови на инфлација од речиси 20 отсто, кога една потрошувачка кошничка веќе надмина 50 илјади денари за едно просечно семејство, да намалуваат плата е навистина безобразно“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на страната на работниците и дека „пари ќе има за сѐ само доколку луѓето во власта престанат да крадат“.