Мицкоски: Имам лоша вест за сите што се молат оваа влада да не успее


„За сите оние кои се молат да не успее оваа Влада, а со тоа да не успејат и државата и граѓаните, за жал, имам лоша вест – ќе мора да сведочат на многу успеси кои ги прави оваа Влада“.

Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за Реформската агенда.

„Тоа што го говори опозицијата  не заслужува коментар, и тој дел ќе го прескокнам. Само да ги предупредам македонските граѓани дека атмосферата во опозицијата е специфична и поради тоа имаат различни ставови на една иста тема, а понекогаш тие самите се  доведени во ситуација да се деманитраат.
 
Фактите се дека рековме од последни во групата од Западен Балкан ќе бидеме први, се зафативме со жестока работа и еве веќе од оној јануарски извештај сме први. Сега следува јунскиот извештај, работиме на сите портфолија и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и сега во јуни. И овие 30-31 милион кои се директна буџетска поддршка, да ги доближиме до бројката 100 милиони“, рече Мицкоски.