Мицкоски и Љутков во посета на објектот на Универзалната сала
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција.
Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани.
Предвидена е и обиколка на градилиштето, а во 11:10 часот ќе следуваат изјави за медиумите.