Мицкоски го немаше на Мечкин Камен, но дојде Александар Пандов


Александар Пандов (десно) заедно со двајца други коњаници на Мечкин Камен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не дојде на централната прослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но таму се појави Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на партијата. Но како дел од коњаницата што стигна во Крушево.

Пандов преде неколку дена тргна од Скопје кон Крушево заедно со група коњаници облечен во комитска облека од подоцнежното време на ВМРО. Тој со уште двајца сојавачи положи цвеќе на Мечкин Камен. Немаше официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ на свеченоста, иако на пладне потпретседателот на партијата, Александар Николоски, положи цвеќе на гробот на Никола Карев во Македониумот. 

Забележливо беше што за прв пат беше присутен и Али Ахмети, кој положи цвеќе во името на ДУИ на Мечкин Камен. Беше и премиерот Зоран Заев и лидери на повеќе други партии.