„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи на почетокот на годината беше практично да се одложи пописот за да се реализира сега, во септември. Зошто? Затоа што, реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба“, истакна Мицкоски.

Мицкоски упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што порача до граѓаните, да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво, а со тоа да им  ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ.

„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови, како што тоа го правеа за време на претседателските избори, кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ“, порача Мицкоски.