Мицкоски ги повика граѓаните на протест од Обвинителството до Врховен суд


Лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните утре да протестираат од Обвинителството на кејот на Вардар, па се до Врховен суд и да побараат одговорност за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев“, рече Мицкоски. Тој додаде дека со протестот сакаат да испратат порака за, како што ги нарече „чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството“.

Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев.

Повикот за протест доаѓа откако викендов, Антонио Милошоски објави снимки на кои се слуша гласот на Заев, при што според Мицкоски, е очигледно дека „Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев“.