Мицкоски: ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Препознавајќи ги политиките на новото раководство и потребите за обединување на опозицискиот фронт, ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои што заеднички ги идентификувавме. За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку  стратешки, визионерски, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој ги повика „ сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт“ ДА СЕ  приклучат.

„Огромна благодарност до господата од ФРОДЕМ кои што одлучија да надминат голем број од бројот на проблемите кои што беа присутни во минатото, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да се бориме за една подобра и посреќна Македонија и за една заедничка иднина во Македонија“, истакна Мицкоски.