Мицкоски: Доаѓа времето кога секој ќе одговара за сторен криминал


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години. Toj потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.

– Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава. ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци. ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни, рече Мицкоски.

Потенцира дека никогаш повеќе не смее да се дозволи државата да ја водат неразбрани политичари кои би се дрзнале на распродажба да стават национални интереси, само за сопствени придобивки.

– Императивот на ВМРО-ДПМНЕ не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ, туку Македонија. СДСМ и Зоран Заев за три години не направија ништо од ветеното. Ниту автопати, ниту студентски домови, ниту 500 евра просечна плата, ниту пак ги вратија оние млади луѓе на кои им ги оставија чевлите пред Владата на Република Македонија. СДСМ лажеше за тажни судбини. Ги искористија на подол начин судбините на децата од Смилковско, на Јанушев, Кољо, Младенов. Лажеа за илјада работи, манипулираа со човечки животи. Но, за сето тоа ќе има правда. Во првите шест месеци од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ правдата ќе биде безусловна, а толеранцијата сведена на нула. Таа правда ќе важи за секој подеднакво, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи, ќе го започне ветингот од сопствениот двор, секој политичар ќе мора да докаже како го стекнал својот имот, да се види кој чесно работел, а кој творел на грбот на народот.

Потенцира дека независно за кој политичар се работи и дали е од една или друга политичка партија, правдата ќе важи за секој подеднакво, без исклучок.