Мицкоски до Вархеи: Ако ова се европски вредности, не ги споделувам
Тој, како што рече, сака да ги споделувам вредностите дефинирани со Копенхашките критериуми и вредностите кои се дефинирани според Договорот за асоцијација и стабилизација кој што го потпиша првата влада на ВМРО- ДПМНЕ.
„Втората влада на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди визна либерализација и обезбеди позитивен извештај за отпочнување на преговори. А што правеа владите на СДСМ? Менуваа име, менуваа знаме, тргуваа со влијание, многу кадеа од транзицијата до сега и тоа се влади кои според овие бирократи споделуваат европски вредности, а ние не споделуваме. Ако се тоа европските вредности простете, но јас не ги споделувам“, нагласи тој.
Тој нагласи притоа дека не бара референдум на кој ќе се бара праша за влегување или не на Бугарите во Уставот , тврдејќи дека е можно Бугарија да се откаже од тоа ако Преговарачката рамка и билатералниот договор со Протоколот добијат европски печат. Па така, според него, граѓаните ќе се изјаснуваат дали ја прифаќаат Преговарачката рамка со билатералниот договор и Протокол за почеток на преговорите со ЕУ, но немало да се изненади ако власта се обиде да го опструира референдумот. Но, тој, како што вели, гарантира дека нема да има промена на Уставот, а гаранција за тоа биле пратениците.
Мицкоски уште објаснуваше дека Софија може да се повлече пред вториот кластер.
„Сега Бугарија нема ништо, таа е изолирана во нејзината намера да се фокусира на протоколи и на билатералниот договор. Тие уште го немаат европеизирано нивното барање. Излезе еден брифинг –што ако Софија се повлече од барањето за уставни измени? Не би ме чудело тоа, а тука тоа Владата ќе го претстави како голема победа. Не, повлекувањето на Софија и репроектирањето пред вториот кластер, ако тоа се случи, ќе значи дека Владата ќе ја прифати Преговарачката рамка и тогаш билатералниот договор ќе стане европски договор“, изјави Мицкоски.
Според него, најмногу три месеци се предвидени за собирање на 150 илјади потписи, а во меѓувреме ќе се прецизира како ќе гласи референдумското прашање. Главната цел е ВМРО-ДПМНЕ да се бара измена на преговарачката рамка која за него е спорна, а смета дека таа се уште не е усвоена и може да се ревидира.