Мицкоски: Да покажеме дека нема место за повластена политичка каста


Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста, туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својоt фејсбук профил.

Според него, денес е совршено јасно дека имаме работа со криминален октопод и дека тоа е реалноста, но, додава, прашањето е што преземаат влата и институциите.

– Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги лажат нашите партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Играа на картата дека и ова ќе помине, а народот има кратко помнење, па старите и старо новите стратези од времето на „револуцијата”, скапо платени (додуша кај овие старо новите од времето на „револуцијата” најпрвин ќе ги подмират за заостанатиот долг…) ќе ги советуваат, сега треба позитивна кампања за да се покрие срамот и ќе почнат со украдени проекти и политики да се фалат, споредувајќи го напредокот на Република Македонија од 2012 до 2018. Но срамот и криминалот се големи и тешко дека некоја лага или измислена приказна ќе ги покрие. А ова било само мал дел, ќе речат познавачите…, срамот и криминалот се многу поголеми од што можете да замислите и зафатени биле повеќе области и личности, наведува Мицкоски на Фејсбук.

Тој додава дека додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто се уште Катица Јанева не е во притвор, зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит, зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал.  А зошто, наведува, премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот.