Мицкоски бил Македонец и така сакал да се идентификува во личната карта


Лидерот на опозицијата денеска направи дистинкција од граѓанскиот концепт за државата и изјави дека во личната карта сака да стои „мојата нација“. Според Христијан Мицкоски, се појавуваат политички партии коишто сега „нас нѐубедуваат дека ние треба да создадеме нова нација, којашто ќе се идентификува со граѓанскиот концепт ‘граѓанин на државата со новата придавка’. Јас сакам со мојата лична карта да стои мојата нација, македонската, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и навистина тука не гледам ништо лошо, ниту спротивно на она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните коишто себеси се идентификуваат по род Македонци и сакаат во нивните документи и патни исправи да стои дека се Македонци, а не граѓани на државата со новата придавка и новото име и на тој начин создавање на вештачка нација“.

Мицкоски вели: „Ако можат студентите себеси во формуларите на факултетите да ја запишуваaт својата нација, затоа што се горди на својата нација, зашто во мојот документ за идентификација и зошто во мојата патна исправа да не стои тоа“.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на прехранбената компанија компанија „Специјал“, во општина Ѓорче Петров Мицкоски рече дека се случувале многу нелогичности во борбата со корупцијата, како огласи за ликовни уметници во здравство и раст на приходи од 2.100 проценти на фирма на братот на вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски.