Миа Беговиќ во Скопје, одбележа 30 години јубилеј како актерка


Хрватската актерка Миа Беговиќ, сестра на славната Ена Беговиќ која пред 20 години загина во сообраќајна несреќа, синоќа во Културно-информативниот центар во Скопје ја изведе монодрамата „Се што сум премолчела“, објави мрежната станица „Гласот на Хрватска“ на ХРТ.

Изведбата на монодрамата е реализирана со поддршка на Амбасадата на Хрватска и Заедницата на Хрватите во државава.

Миа и Ена Беговиќ

Со монодрамата Беговиќ ја одбележала 30-годишнината од нејзината актерска кариера.